Дома Топ вести „Кралевите“ спремија понуда која не се одбива – Сити останува со празни раце

„Кралевите“ спремија понуда која не се одбива – Сити останува со празни раце

Чилеанскиот репрезентативец, Алексис Санчез се уште не го продолжи договорот со Арсенал и како што стојат работите, тој веќе во јануари би можел да ја промени средината.

Јасно е дека Алексис нема желба да го продолжи договорот со „Топчиите“, а Арсенал ќе биде принуден да го пушти веќе во јануари за да заработи на него, или Чиеанецот во спротивно на крајот на сезоната ќе замине како слободен играч.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во последно време англиските медиуми најмногу шпекулираат дека Алексис кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити бидејќи повторно сака да соработува со Пеп Гвардиола. Меѓутоа, во битката за некогашниот играч на Барселона се вклучи и Реал Мадрид.

Како што се наведува, кралскиот клуб е подготвен во јануари да го донесе Санчез на „Сантијаго Бернабеу“, а заедно со договорената сума на „Емирати“ да го испрати и Лукас Васкез.

Оваа понуда би можела да биде привлечна за „Топчиите“ со оглед на тоа дека заедно со пари би добиле и одлична замена за Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…