Познато е како гласаа фудбалерите на Реал Мадрид во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2020 година.
Капитенот на Реал и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос и играчот за врска и предводник на Белгија, Еден Азар го ставија Зинедин Зидан на првото место, додека играчот за врска на Реал и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, го смести Зидан на второто место, по Ханс-Дитер Флик од Баерн Минхен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Герет Бејл, кој моментално игра на позајмица во Тотенхем, воопшто не му даде бодови на Зидан.Велшанецот, кој не добиваше доволно минутажа од Французинот, своите гласови ги даде на Флик, Јирген Клоп (Ливерпул) и Хулен Лопетеги (Севиља).
Зидан не се пласираше помеѓу најдобри тројца во номинацијата за тренер на годината.