Дома Трансфер зона „Кралевите“ во „пол-позиција“! – Кој ќе стигне прв до младиот голман?

„Кралевите“ во „пол-позиција“! – Кој ќе стигне прв до младиот голман?

Реал Мадрид во последно време работи навистина паметно, „кралевите“ доведуваат млади ѕвезди и создаваат тим за долги патеки.

Флорентино Перез сега размислува за голманот на Атлетик Билбао, Кеп Аризабалаг и Реал Мадрид е во „пол-позиција“ веќе подолго времен, но како што пренесува „Марка“ интерес за овој голман покажале уште Јувентус и Арсенал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, Јувентус во Кеп гледа вистински наследник на Буфон, додека во Арсенал очекуваат тој да замина за Петар Чех.

Според сегашниот договор, Реал, Јувентус или Арсенал би можеле да го доведат Кеп веќе во јануари за скромни 10 милиони евра. Но, доколку управата на Билбао го убеди младиот голман да потпише нов договор неговата откупна клазула ќе изнесува огромни 75 милиони евра.

Се чека расплетот, а веројатно по преговорите помеѓу менаџерот на фудбалерот и клубот ќе дознаеме каде младиот голман ќе ја продолжи кариерата.

Билбао му нуди плата од три милиони евра годишно и инсистира на голема откупна клазула, што за застапниците на младиот чувар на мрежата е неприфатливо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…