Иако обезбедија пласман на уште едно финале во ЛШ, во Реал веќе размислуваат за новата сезона, а ако им се верува на странските медиуми, претседателот на Кралевите, Флорентино Перез сака да го засили средниот ред.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, donbalon.com пишиува дека на врвот на листата од желби на Перез се Миралем Пјаниќ и Тиаго Алкантара.
Наводно и двајцата фудбалери се ценети кај претседателот на Реал, но проблем при евентуален трансфер ќе претставува обештетувањето со оглед на тоа дека Јувентус и Баерн без добра понуда нема ни да размислуваат за нивна продажба.
Токму поради тоа на листата се наоѓаат уште два играчи – Фабиан Туиз од Бетис и Максим Лопез од Марсеј.
Фабиан Руиз може да го напушти Бетис во секој момент доколку за него Реал плати 30 милиони евра, а се претпоставува дека и Лопез нема да биде нешто поскап.