Дома Трансфер зона Кој ќе се офајди? Челзи нуди 60 милиони за Коман!

Кој ќе се офајди? Челзи нуди 60 милиони за Коман!

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Челзи е сериозно заинтересирано за францускиот интернационалец, Квинсли Коман и е спремно да плати „богатство“ за неговиот потпис.

Коман моментално настапува во Баерн како позајмен фудбалери од Јувентус, но Баварците имаат можност да го откупат неговиот договор за 21 милион евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако извршниот претседател на Баерн, Карл Хајн Римениге изјави дека клубот ќе ја активира клаузулата, сепак „старата дама“ навива тоа да не се случи бидејќи може да заработи неспоредливо повеќе.

Имено, Челзи е силно заинтересиран за крилниот напаѓач и според англиските медиуми е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис.

И Манчестер Сити исто така го сака Коман во своите редови и неодамна понуди 50 милиони евра, па поради тоа нема сомнеж дека Баерн ќе го откупи неговиот договор.

Дали ќе го задржи во своите редови или ќе заработи на неговата продажба останува да видиме!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…