Дома Фудбал Лига на шампиони Кој ќе оди во полуфиналето? – Ова се веројатните состави за натпреварите во Барселона и Торино!

Кој ќе оди во полуфиналето? – Ова се веројатните состави за натпреварите во Барселона и Торино!

Расплетот во четвртфиналето од Лигата на шампионите започнува вечерва со натпреварите во Барселона и Торино.

Дербито на оваа рунда сигурно го играат Барселона и Манчестер Јунајтед, а во првиот натпревар каталонскиот клуб победи со 1:0 и така оствари добра предност пред вечерашниот реванш.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа јасно е дека Ернесто Валверде внимателно ќе влезе во овој натпревар. Очекувањата се Барселона да внимава на својот гол и да се обиде да ја заврши работата, додека Јунајтед би требало да чека шанса од контри, игра која им донесе резултат во Париз.

Шпанските медиуми утрово објавија како би требало да изгледаат составите на Барселона и Манojчестер Јунајтед. Јунајтед овој пат се очекува да игра нешто повеќе офанзивно.
Ова се веројатните состави.

БАРСЕЛОНА

Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленглет, Алба Бускетс, Ракитиќ, Кутињо, Дембеле, Суарез, Меси.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Де Геа, Далот, Смолинг, Линделоф, Јанг, Фред, Мектомини, Погба, Лингард, Марсијал, Рашфорд.

Во истиот термин од 21:00 часот се игра и вториот реванш од четвртфиналето, во Торино се сретнуваат Јувентус и Ајакс. Во првиот натпревар беше 1:1 и Ајакс покажа дека нема намера предвреме да се откаже и дека нема да биде лесен противник за Италијанците.

Веројатните состави оваа средба:

ЈУВЕНТУС

Шчесни, Кансело, Бонучи, Ругани, Алекс Сандро, Чан, Пјаниќ, Матуиди, Бернардески, Дибала, Роналдо.

АЈАКС.

Онана, Велтман, Блинд, Де Лихт, Мазаруи, Де Јонг, Ван Де Бек, Шоне, Нерес, Тадиќ, Зијеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…