Денес од 17:00 часот во Цирих е закажана ждрепката за баражот за Мундијалот во Катар.
Покрај нас во баражот се уште 11 селекции, а во улога на носители се: Италија, Португалија, Русија. Шкотска, Шведска и Велс, додека уште шест репрезнетации со се Македонија се во групата на неносители: Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Низ досегашната историја Македонија има вкупно 17 натпревари со потенцијалните ривали. Најмногу сме играле со Русија и Шкотска (по четири пати), потоа со Шведска (три пати), а со останатите репрезентации по два натпревари.
Фото: ФФМ
ИТАЛИЈА – Еден пораз, едно реми
ПОРТУГАЛИЈА – Еден пораз, едно реми
РУСИЈА – Четири порази
ШКОТСКА – Една победа, едно реми, два порази
ШВЕДСКА – Три порази
ВЕЛС – Една победа, еден пораз