Дома Останати Кошарка Кој лета високо, ниско паѓа: Вембањама синоќа научи добра лекција за тоа што значи НБА

Кој лета високо, ниско паѓа: Вембањама синоќа научи добра лекција за тоа што значи НБА

Започна според традицијата летната НБА лига каде клубовите на сцената можат да видат нови ѕвезди и играчи кои биле на претходниот драфт.

Лига која може да привлече големо внимание кај љубителите на кошарката.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Летната лига доаѓа како добар скаутинг за НБА клубовите пред подготовките за новата сезона, а синоќешните натпревари предизвикаа невиден интерес.

Дуелот меѓу Сан Антонио Спарс и Шарлот Хорнетс се одигра пред преполна публика во Лас Вегас, а причина беше првиот пик на овогодинешниот драфт.

Во дресот на Спарс играше 19-годишната француска суперѕвезда Виктор Вембањама.

Се чини дека на овој 218 сантиметри висок кошаркар ќе му треба време да се навикне на НБА, ако се суди по синоќешниот натпревар.

Вембањама на теренот мина 27 минути и имаше учинок од девет поени, осум скока и три асистенции. Можеме да кажеме многу скромно за играч од кој се очекува многу.

Судејќи според првите впечатоци на јавноста, Французинот за повеќето одигра под очекувањата.

Очигледно, Вембањама веднаш доби добра лекција за тоа што навистина значи НБА и дека доминацијата во Европа не мора да значи апсолутно ништо.

Вембањама имаше просек од 20,6 поени, 10,1 скока, 3 блокади и 2,5 асистенции во 44-те натпревари кои ги одигра во дресот на францускиот Метрополитенс 92 минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн заминува од Лејкерс и со син му ја напаѓа петтата титула

Популарниот Брајан Виндхорст, новинар на „ЕСПН“, денеска објави дека Голден Стејт е тимот …