Дома Фудбал Останато Кој е подобар Коста или Мората? – Џанфрако Ѕола го даде одговорот!

Кој е подобар Коста или Мората? – Џанфрако Ѕола го даде одговорот!

Легендата на Челзи, Џанфранко Ѕола воопшто нема дилеми кога во прашање се напаѓачките способности на Диего Коста и Алваро Мората.

Во интервјуто за „Скај Спорт“, Ѕола помеѓу другото зборуваше и за промените во напаѓачката позиција на „сините“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Алваро Мората веднаш започна да блеска во дресот на Челзи, легендата на овој клуб смета дека тој сеуште не е на нивото на Диего Коста.

„Мислам дека е добро што Коста замина бидејќи за секоја екипа е лошо ако во својот табор има незадоволен играч. Мората е доведен како негова замена, но според мене тој не е класа. Далеку од тоа дека го сметам Мората за не доволно добар, напротив, тој има многу добра техника и се служи со двете нози, одлично игра со глава, но Коста едноставно е подобар играч“, изјави Ѕола и додаде.

„Сигурно постои причина поради што Мората не беше стандарден првотимец во Јувентус и Реал Мадрид“, заврши легендарниот фудбалер.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…