Кошаркарот на Мајами Хит, Хејвуд Хејсмит учествувал во сообраќајна несреќа по која 21-годишно момче се бори за живот, потврди неговиот клуб.
Несреќата се случила во моментот кога Хејсмит се враќал кон својот дом по натпреварот против Орланд. Според информациите објавени од американските медиуми Хејсмит удрил момче кое укажувало помош на друг возач на патот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На момчето како што се пренесува му била делумно ампутирана едната нога и докторите се борат да го спасат неговиот живот. Кошаркарот во несреќата поминал без повреди, а поради несреќата го пропушти натпреварот кој Мајами го играше против Сан Антонио.
Сезонава Хејсмит има просек од 5.8 поени и 2.8 скокови по натпревар.