Дома Македонски спорт Мак фудбал Кочоски: Се освен победа во Битола за нас ќе биде неуспех

Кочоски: Се освен победа во Битола за нас ќе биде неуспех

Екипата на Струга Трим Лум сезонава воопшто нема остварено триумф на гостински терен, а утре ја очекува натпревар против Пелистер во Битола.

Играчот од средниот ред на Струга, Валетин Кочоски смета дека тој натпревар е добра можност да остварат позитивен резултат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Овој натпревар е шанса да ја забележиме првата гостинска победа и да фатиме приклучок во горниот дел на табелата каде што и ни е местото. Се освен победа во Битола за нас ќе биде неуспех“, изјави Кочоски.

Натпреварот помеѓу Пелистер и Струга како и останатите дуели од ова коло се играат утре во 13:00 часот.

Фото: ФК Струга

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бурна реакција на ФК Скопје за пеналот во Врапчиште: Сакаме чесно првенство!

Од судиската комисија на ФФМ вчера во анализата ја потврдија грешката на судијата, а сега …