Дејан Георгиевски веќе направи голем успех обезбедувајќи сигурно сребро за Македонија на Олимписките игри во Токио, а некаде околу 14:30 часот го чека финалето против Владислав Ларин во Русија.,
По големата победа на социјалните мрежи се огласи тренерот на Георгиевски, Дарко Костовски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Господе волјата е твоја !ДЕНЕСКА ТАЈФУН ВО ТОКИО, ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ОД МАКЕДОНИЈА! СТАНИ МАКЕДОНИЈО, ДИГНИ ГЛАВА ВИСОКО !МАКЕДОНИЈА ИМА ЛАВ, ЈУНАК, СПОРТСКА ИКОНА ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ !!!За прв пат во независна Македонија одиме во финале на олимписки игри, во полуфинале го победивме Ин Кјо Дон од Кореа, од земјата лулка на овој олимписки спорт ! Во финале не чека актуелниот светски шампион во категорија -87кг(за да е на јавноста појасно на олимписки игри во таеквондо се фузираат две категории -87 и +87 значи дупла конкуренција) светски шампион Владислав Ларин од Русија, македонско време 14:30 часот !За сега го имаме најголемиот спортски резултат во независна Македонија, но тука дојдовме по злато!“, порача Костовски.