Дома Македонски спорт Костески: Заслуживме да го победиме Чиле, задоволен сум од прикажаното

Костески: Заслуживме да го победиме Чиле, задоволен сум од прикажаното

Maкедонија вчера го победи Чиле и се пласираше во втората фаза од Мундијалот во Египет.

Победата против Чиле освен за пласманот во втората фаза секако е важна и самодовербата кај целата репрезентација, а посебно кај помладите ракометари. Посебно во победата против Чиле се истакна младото крило Ненад Костески кој постигна пет гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Пресреќен сум што победивме и се пласиравме во вториот круг, тоа е важно за сите. Во овој натпревар одигравме борбено и машки па заслужено ја остваривме победата. Лично сум задоволен од прикажаното, добив добра минутажа и го дадов мојот максимум“.

Македонија утре од 15:30 часот ќе игра натпревар против Словенија.

„Мора да излеземе храбро и да го оставиме срцето на теренот, резултатот сам ќе дојде. Разликата од првенствата кои ги играв за младите е огромна, многу ми значи ова е големо искуство и ќе ја користам секоја можност која ќе ми се даде“, изјави Костески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…