Дома Ракомет Костески: Важиме за фаворити, но тоа ќе треба да го покажеме и на теренот

Костески: Важиме за фаворити, но тоа ќе треба да го покажеме и на теренот

Репрезентацијата на Македонија в четврток ја очекува првиот меч од баражот против Романија. Натпреварот го играме на домашен терен.

Ненад Костески порача дека Романија не смееме да ја потцениме затоа што станува збор за квалитетна репрезентација.

„Почнуваме со подготовки за овој бараж, противник ќе ни биде Романија која не смееме дај а потцениме, станува збор за една многу квалитетна репрезентација. Периодот кој следи ќе го искористиме за да се подготвиме и да прикажеме колку што е можно подобра игра“.

Македонија е фаворит, но таа улога ќе треба да ја докажеме и на теренот.

„Ќе гледаме видеа од Романија и ќе анализираме, дел од играчите добро ги познаваме. Сметам дека ќе бидеме добро подготвени и ќе се прикажеме во најдобро светло. Важиме за фаворити, но тоа ќе треба да го докажеме и на теренотз“, изјави Костески.

Натпреварот со Романија го играме в четврток од 19:30 часот, а реваншот е два дена подоцна во Букурешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ПСЖ ја носи Лигата на шампионите во Берси: На нишан е францускиот рекорд

Дуелот со Фуксе Берлин на 3 март 2027 година ќе биде прв натпревар на ПСЖ во Лигата на шам…