Дома Фудбал Коста го избра бројот и тоа нема да биде „неговата“19-ка!

Коста го избра бројот и тоа нема да биде „неговата“19-ка!

Бразилецот со шпански пасош, Диего Коста, од јануари ќе настапува за својот поранешен клуб Атлетико Мадрид.

Челзи после големата сага конечно го продаде 28 годишниот фудбалер кој така ја исполни својата желба и се врати во тимот кој го сака.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коста после повеќе од три години повторно ќе го облече дресот на „јорганџиите“ местото каде што за прв пат заблеска на европската сцена. Одличниот напаѓач како што е познато веќе пристигна во Мадрид и започна да тренира со Атлетико, а како што кажавме право на настап ќе има од јануари.

Коста го избра и бројот кој ќе го носи, иако беше препознатлив по својата 19, тој во својот втор мандат ќе го носи дресот со број 18. Омилениот број на Коста, веќе е зафатен и го носи Лукас Хернандез и тоа барем оваа сезона нема да се промени.

Диего Коста покрај бројот 19 во кариерата настапуваше со броевите 17, 22 и 88.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…