Дома Фудбал Италија Костакурта: Италија ќе ја победи Македонија поради тимскиот квалитет

Костакурта: Италија ќе ја победи Македонија поради тимскиот квалитет

Легендарниот италијански фудбалер и поранешен член на Милан, Алесандро Костакурта верува дека „Аѕурите“ ќе ја победат Македонија во полуфиналниот бараж.

Костакурта смета дека тимскиот дух и квалитетот на „Аѕурите“ ќе биде пресуден на пресметката во Палермо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Македонија е послаба од Италија. Имаат добар тим и квалитетни фудбалери, но тимскиот квалитет не е како на Италија и тоа во вакви важни натпревари многу значи. Италија може да има проблем затоа што ова не е истиот тим од пред 8-9 месеци. Не мислам на играчите, туку на енергијата и гладта за победа, тоа не е истото ниво после освојувањето на Еуро2020. Сепак, очекувам пласман на СП  и тежок меч со Португалија во финалето“, изјави Костакурта.

Ќе потсетиме во вториот бараж во нашата група играат Португалија и Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …