Легендарниот дефанзивец на Милан Алесандро Костакутра во интервју за италијанските медиуми помеѓу другото зборуваше за неговата прва средба со Лионел Меси.
Костакурта се сретнал со Меси кога Аргентинецот имаше само 16 години и призна дека побарал Анчелоти да го замени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Првпат со Меси се сретнав кога имав само 16 години. Прво на него гледав како дете и мислев дека лесно ќе се справам. Но, после само 15 минути барав Анчелоти да ме замени“, изјави Костакурта.
Костакурта даде свое мислење и за споредбата помеѓу Меси и Диего Марадона:
„Двајцата се навистина слични поради нивната генијалност на теренот, меѓутоа Меси е погоем генијалец според мене“, објасни легендарниот стопер.