Македонија во недела ќе игра натпревар за бараж на Светското првенство во 2022 и сама ќе решава за својата судбина.
Ни гостува Исланд во Скопје и ние со победа ќе го обезбедиме местото во баражот. Играчот од средниот ред Тихомир Костадинов порачува дека Македонија со „ладна глава“ треба да влезе во натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Овој тим веруваше до крај дека може да се доведеме во ситуација сами да решаваме за својата судбина во квалификациите за СП 2022. Не треба еуфорично да гледаме на овој момент, ни треба „ладна глава“ и целосен фокус на натпреварот. Се надевам дека публиката ќе биде со нас на вистински начин“, изјави помеѓу другото Костадинов.
Натпреварот со Исланд го играме во недела во 18:00 часот.