Дома Фудбал Репрезентации Косовоските навивачи веќе се организираат за доаѓање во Скопје

Косовоските навивачи веќе се организираат за доаѓање во Скопје

На нешто повеќе од еден месец до историското полуфинале во Лигата на шампионите против Косово навивачите на оваа репрезентација започнаа да се организираат за гостувањето.

Официјално засега не е објавено колку билети ќе добие Косово за источната трибина која има капацитет од 5.000 гледачи. Очекувањата се од Косово да пристигне бројка до 3000 навивачи. Помеѓу оваа бројка ќе има и навивачи на Шкендија кои јавно истакнаа декаа во овој натпревар ќе го поддржат Косово.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На социјалните мрежи веќе е објавено дека за билет на натпреварот и превоз навивачите на Косово ќе треба да платат 30 евра. Во цената тие имаат вклучено и навивачки реквизит.

„Историскиот натпревар не е далеку. Косово на 26 март гостува кај нашиот јужен сосед во борба за пласман на Евро 2020. Ние, „Дардианс“ сме секаде со Косово за да дадеме поддршка на нашите мамци, овој пат ќе бидеме во уште поголема бројка во споредба со другите гостувања. Ги покануваме сите за процедури за билет бидејќи на 26. март треба да бидеме 12. играч на нашата репрезентација. Дарданските лавови не се предаваат никогаш. Нашиот сон нема да запре во Скопје. На гостувањето одиме организирано од цело Косово со автобус. Билет може да се резервира до 28. февруари. Цената е 30 евра со навивачка опрема (маичка, шал) и организиран превоз“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…