Дома Фудбал Копа Америка: Уругвај перфектен, елиминација за САД уште во групната фаза

Копа Америка: Уругвај перфектен, елиминација за САД уште во групната фаза

Репрезентацијата на Уругвај го победи САД со 1:0 и така со максимални девет бода се пласираше помеѓу најдобрите осум на Копа Америка. Во нокаут фазата продолжува и Панама која со 3:1 ја совлада Боливија.

Американците уште по поразот од Панама дојдоа на работ на елиминација и на крајот тоа и се случи.

Уругвај од друга страна одигра одлично и со три бода продолжи во четвртфиналето. Стрелец на победничкиот гол против САД беше Оливера во 66. минута од натпреварот.

Панама по победата против САД сега со Боливија само го потврди пласманот. До победата со Боливија доја со головите на Фахрадо, Гереро и Јанис, а единствениот гол за Боливија беше дело на Бруно Миранда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…