Вo натпреварот од 19. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Сити на гости го победи Евертон со 3:1.
На Граѓаните и овој пат не им одеше најдобро. Во 29. минута Евертон искористи погрешно додавање на Родри и во продолжението на акцијата поведе со голот на Џек Харисон. Домашните го бранеа водството до полувремето, но Сити го сврте резултатот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фил Фоден израмни во 53. минута со убав удар од околу 20 метри, а во 64. минута Алварез погоди од пенал за 2:1. Сите сомнежи околу прашањето на победникот ги реши Бернардо Силва во 86. минута.
Денеска во англиските медиуми се истакнува една контроверзна ситуација кога Онана играше со рака.
Судијата Џон Брукс малку ја одложи својата одлука, а по големиот притисок од играчите на Сити, сепак покажа на белата точка.
Секако, играчите на Евертон збеснаа, почувствуваа дека не се работи за недозволена игра.
„Правилата се луди. Тоа да се досуди како пенал е бизарно во мојот свет, но очигледно сум од друга планета”, изјави тренерот на клубот од Ливерпул.
Меѓутоа, со него не се согласува поранешниот ирски фудбалски судија Дермот Галагер, кој судеше во Премиер лигата до 2007 година.
Галагер рече дека тоа е типичен пример за пенал, за кој е убеден дека ќе биде досуден веднаш без двоумење.
I think it’s a modern day penalty.” Dermot Gallagher shares his views on Man City’s awarded penalty against Amadou Onana.
byu/OPchainsaw insoccer