Дома Видео Контроверзен лекар: Ја прекина операцијата за да ги гледа пеналите меѓу Чиле и Португалија

Контроверзен лекар: Ја прекина операцијата за да ги гледа пеналите меѓу Чиле и Португалија

Чиле на пенали ја совлада репрезентацијата на Португалија во полуфиналниот дуел на Купот на конфедерациите, а еден чилеански хирург стана хит на денот токму поради изведувањето на пеналите.

На интернет кружи видеото снимено во една болница, на кое хирургот, за време на изведување на оперативен зафат, го следеше изведувањето на пеналите. Кога Клаудио Браво одбрани и трет пенал и му донесе финале на Чиле, почна прославата и за време на операцијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не е познато за каква операција станува збор, каде е направена, ниту каков бил исходот (се надеваме завршила во најдобар ред), но Mirror пренесува дека лекарскиот тим кој ја вршел операцијата го очекува истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Жена навивач на Борусија направи срамен потег, се бара да и се забрани влез на стадионот 🎥

Eкипата на Борусија Дортмунд вчера го победи Атлетико Мадрид со 4:2 и така се пласираше во…