Дома Фудбал Англија Конте: Јас ја започнав и ја завршив доминацијата на Јувентус

Конте: Јас ја започнав и ја завршив доминацијата на Јувентус

Aнтонио Конте од вчера и официјално е нов тренер на Тотенхем.

Италијанецот одлучи да го прифати повикот од Лондон и да го води тимот кој долго време нема освоена титула. Конте во кариерата е човек кој имаше успеси и падови, а неговата тренерска кариера во нагорна линија почна да оди кога со Јувентус ја започна доминацијата во Серија А, за потоа и со Интер да дојде до Скудетото. Во Премиер лигата има трофеј со Челзи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Јас живеам во сегашноста тие работи се минато. Во Јувентус играв 13 години и освоив се. Потоа се вратив како тренер и освоив девет титули. Јас ја започнав доминацијата и ја завршив со Интер. Важно ми е тоа што сум го постигнал и горд сум. Тотенхем е нов предизвик и сакам и овој период да стане важен дел од мојата кариера“.

Контакти со Тотенхем имал и во текот на минатото лето.

„Постоеше контакт, но сакав да поминам време со моето семејство. Освен тоа бев емотивно празен после ситуацијата со Интер“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…