Aнтонио Конте ќе дебитира во недела на клупата на Тотенхем на домашен против Лидс.
Италијанскиот стратег веќе ги водеше „петлите“ во натпревар со Евертон на гостински терен каде што Тотенхем одигра 0:0. Конте тврди дека од тоа што досега го видел неговото доаѓање во Лондон е полн погодок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„После три месеци во Лондон можам да кажам дека моето доаѓање е полн погодок. Условите за работа се одлични, инфраструктурата е една од најдобрите во светот. Задоволен сум и од екипата, пред нас е многу работа. Најважно е да бидеме трпеливи, не може се да се промени за неколку недели, но напредок постои“, изјави Конте.
Во овој момент Тотенхем е 9. на табелата со 16 бодови, 10 помалку од лидерот Челзи.
„Знам дека клубот не бил шампион од 1961 година. Свесен сум колку навивачите го чекаат тој подвиг. Искрено не би ни дошол тука ако немам најголеми амбиции. Секако дека е долг пат кон остварување на целити, но насочени сме кон тоа“, изјави Конте.
Дополнителен предизвик за Конте е лошата форма на Хари Кејн кој сезонава во Премиер лигата на десет натпревари има само еден гол и една асистенција.