Дома Фудбал Останато Конте: Спремни сме да патиме

Конте: Спремни сме да патиме

konte

Тренерот на Челзи реално гледа на ситуацијата пред реваншот на „Ноу Камп“.

Антонио Конте тврди дека неговиот тим ќе мора трпеливо да чека доколку сака пласман во ¼ финалето во Лигата на шампионите против големата Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сините“ гостуваат во Каталонија, после 1:1 во првиот натпревар на „Стенфорд Бриџ“.

„Барселона ќе се обиде да доминира, да ја држи топката во свој посед и да се обиди да ги рашири нашите линии со цел да се приближи до нашиот гол. Мораме да внимаваме, да бидеме компактни и да патиме“, изјави Конте.

Потоа и објасни што подразбира под зборот „патиме“.

„Без топка против Барселона вие вообичаено патите. Морате да се браните, а тоа е навистина тешко. Кога ја имате топката морате во секој момент да знаете што ќе правите со неа. Да се обидете да постигнете гол, да создавате шанси, исто како што правевме ние на „Стенфорд Бриџ“ пред неколку недели“, зборуваше Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…