Дома Фудбал Англија Конте слета во Лондон!

Конте слета во Лондон!

Aнтонио Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем и во тоа изгледа веќе нема никакви дилеми.

Откако беше објавено дека само прашање на време е кога Тотенхем ќе го потврди трансферот, сега од Џанлука Ди Марцио пристигнуваат нови информации. Конте пристигнал во Лондон за да ги договори и последните детали од договорот кој би требало да биде потпишан на две години.

Тотенхем утрово го отпушти Нуно Еспирито Санто после лошите резултати и убедливиот пораз од 3:0 во дербито за викендот со Манчестер Јунајтед. За Конте ова ќе биде враќање во Премиер лигата каде што го водеше Челзи и со овој клуб стигна до титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фановите го „разоткрија“ Мареска: Веќе почна да го глуми Пеп! (ВидеО)

Mанчестер Сити со победа отвори нова ера на Етихад. Граѓаните во првото коло од Премиер ли…