Дома Фудбал Останато Конте се огласи на тема „Реал Мадрид“ – познато зошто ги одбил „кралевите“!

Конте се огласи на тема „Реал Мадрид“ – познато зошто ги одбил „кралевите“!

konte

Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте беше прва мета на Флорентино Перез кога се знаеше дека Јулиен Лопетеги ќе добие отказ, сепак Италијанецот не седна на клупата на „кралевите“.

Според информациите на медиумите Италијанецот преговарал со Реал чекајќи да се заврши неговото судење со тимот на Челзи од кој очекува голема оштета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во меѓувреме на клупата на Реал седна, Сантијаго Солари кој ќе остане најмалку до крајот на сезоната во зависност од исходот, а сега Конте одговори на прашањето зошто не го превземал Реал.

„Јас сум тип на тренер кој сака да го почека јуни за да избере нов ангажман. Но, за неколку месеци можеби ќе го променам мислењето и ќе посакам да работам. Во овој момент не се чуствував така“, одговори Конте.

Поранешниот тренер на Јувентус не ја исклучи можноста во иднина повторно да води некој клуб од Апенините.

„Во овој момент себе си се гледам дома како ги следам натпреварите и некои од моите колеги. Јас сум Италијанец и сакам да работам тука, па поради тоа се е можно во иднина“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…