Дома Фудбал Англија Конте се врати во Лондон, ќе си замине ли побогат за 20 милиони евра?

Конте се врати во Лондон, ќе си замине ли побогат за 20 милиони евра?

Италијанецот полека ги завршува работите и се подготвува за враќање на клупата на некој клуб.

Денес е денот кој Антонио Конте го неколку месеци наназад.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот допатува во Лондон на арбитражниот процес против Челзи од кој бара 20 милиони евра оштета.

Ќе потсетиме, Италијанецот беше сменет пред почетокот на оваа сезона откако ги започна припремите со екипата. Според договорот на Конте му припаѓаат 11 милиони евра, но поради тоа што Челзи не го известил на време и го оставил без шанса во текот на летото да пронајде друг клуб Италијанецот бара цели 20 милиони евра. Арбитражниот процес ќе биде завршен во наредните 10 до 14 дена кога ќе биде познато колку точно оштета ќе добие Конте од „сините“.

Откако ќе заврши овој процес Конте ќе биде слободен да избере нов клуб. Поради чекањето на арбитражниот процес и договорот кој се уште го врзува со Челзи, Конте во претходните месеци не можеше да работи во нов клуб. Се споменуваше како можно решение за Манчестер Јунајтед пред Солскјер, како наследник на Солари во Реал, замена за Тухел кој не го продолжил договорот со ПСЖ, како и со италијанските Милан, Рома и Интер…Поголем дел од овие опции повеќе не се актуелни, единствено останува Интер и Рома, ако Раниери кој пристигна неодамна не ги исполни очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…