По се изгледа Антонио Конте заминува од Челси и се враќа во Италија. Како стојат сега работите, ако не го превземе ПСЖ, каде прв кандидат е Зидан, ќе ја превземе репрезентацијата на Италија.
Италијанскиот фудбалски сојуз има големи планови, спрема револуција на сите нивоа, Конте ќе биде столб, нема да биде само селектор туку ќе биде и одговорен за комплетнот функционирање на националната селекција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се работи за проект кој на долга стаза треба да ја врати Италија на врвот, а на поранешниот тренер и капитен на Јувентус ќе му биде понуден долгогодишен договор.
Како што се зборува, тој е спремен да го прифати, кандидат е и Роберто Манчини, но Конте е прва опција на федерацијата.
Деновите во Челси му се одбројани, ако клубот продолжи со лошите игри ќе добие отказ уште пред крајот на сезоната. Челси одамна ја изгуби титулата, а сега се плаши дека нема да заврши во топ 4, односно дека нема да се пласира во ЛШ што би бил огромен удар за клубот.