Дома Фудбал Италија Конте пред Јувентус: Победата ќе биде потврда на она што го правиме од почетокот на сезоната

Конте пред Јувентус: Победата ќе биде потврда на она што го правиме од почетокот на сезоната

После неколку променети одлуки, утре конечно ќе се одигра дербито во Серија А помеѓу Јувентус и Интер, натпреварот поради епидемијата од коронавирусот ќе се игра пред празни трибини.

Интер со победа во овој натпревар би ја направил трката за Скудетото до крајот целосно отворено, доколку пак слави Јувентус тогаш актуелниот шампион ќе направи предност од 9 бода со тоа што Интер би имал и натпревар и помалку.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте кој ова лето го превзема Интер за првпат ќе ги води „нероаѕурите“ во Торино.

„Веќе им кажав на момците дека мораме да реагираме добро во секоја ситуација и да се адаптираме брзо. Моите играчи се секогаш спремни да се жртвуваат, посебно кога знаат дека пред нив е важен натпревар за врвот на табелата“.

„Сите знаат колку публиката важен фактор во овој натпревар посебно кога играте дерби со ваква тежина. Меѓутоа во овој деликатен момент здравјето е на прво место и мораме да се адаптираме на условите. Не е лесно, сите имаме семејства и не можеме да го игнорираме она што се случува“, изјави Конте.

Конте добро знае што значи „Дербито на Италија“.

„Сите знаеме што значи победа во овој натпревар. Триумфот би бил потврда на добрата работа која ја правиме од почетокот на сезоната“, додаде италијанскиот стратег.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Интер се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…