Денес Интер и официјално му врачи отказ на Лучијано Спалети, па во секој момент се очекува назначувањето на Антонио Конте за нов кормилар.
Целта на Конте ќе биде да направи тим со кој што Интер ќе може да се бори за Скудетото, но и да ги реши актуелните проблеми во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголемиот проблем на „нероаѕурите“ веќе подолго време е Мауро Икарди, кој оваа сезона направи скандал откако му беше одземена капитенската лента.
Аргентинецот направи „раздор“ во соблекувалната, а притоа го навлече гневот на навивачоте. Поради тоа медиумите тврдат дека неговите денови во Интер се изброени.
Како што истакнува „Газета дело спорт“, во замислите на Конте нема место за Икарди во составот за следната сезона, па тоа веднаш ќе му го стави до знаење на напаѓачот.
Првата желба на Конте е Ромелу Лукаку, а од Интер се надеваат да го финансираат трансферот на Белгиецот со продажбата на Икарди.
The first order of Antonio Conte: Mauro Icardi is out! https://t.co/VlTFJRJ8DA
— FedeNerazzurra (@_FedeNerazzurra) May 30, 2019