Капитенот на Македонија Горан Пандев вчера одигра одличен натпревар за Џенова против Беневенто.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Натпреварот заврши 2:2, а Пандев беше стрелец на двата гола за Џенова и така стигна до бројката од 100 гола. Со тоа стана првиот Македонец кој стигнал до „стотка“ во некоја од најсилните пет лиги.
После натпреварот за Пандев во интервју за „Скај“ зборуваше Антонио Конте, кој потврди дека сакале да го доведат Пандев во јануари 2020.
„Во јануари 2020 Пандев беше една од нашите желби, разговарав со директорите на Интер и тие ми го кажаа тоа“, изјави Конте.