Дома Фудбал Англија Конте повторно за трансферите: Катастрофално лош сум во убедувањето да ми доведат играч

Конте повторно за трансферите: Катастрофално лош сум во убедувањето да ми доведат играч

konte

Менаџерот на Челси, Антонио Конте не е задоволен од засилувањата кои клубот му ги обезбедува, а за таквата ситуација се смета и себе си за виновен.

Конте повеќе пати до сега ја критикуваше трансфер политиката на клубот и истакнуваше дека тој многу не се прашува кога во прашање е доведувањето на засилувања.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сега Конте во медиумите повторно зборуваше на оваа тема овој пат се критикуваше самиот себе.

„Според искуството најдобрите резултати ги направив со играчи со кои морав да работам. Јас им помагам да напредуваат. Тоа е мојата задача и во тоа сум многу добар. Но мислам дека сум катастрофално лош во убедувањето на клубот да ми доведе одреден играч. Тоа е нешто во кое морам да сеп оправам“, изјави Конте.

Потоа тој додаде и дека мора да разговара со неговите колеги кои се многу подобри во тоа.

„Морам да разговарам со тренерите кои се многу добри во убедувањето на клубот да потроши пари на доведување на големи играчи“, наведе Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги тренер на сезоната во Серија А

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А за оваа сезона…