Кратко траеше радоста на Антонио Конте и Тотенхем за победата против Манчестер Сити, вчера „петлите“ беа поразени од Барнли со 1:0.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После победата над Сити Конте изјави дека го има најдобриот тим со кој работел, меѓутоа сега како да има поразлично мислење, само неколку дена подоцна.




„Оваа ноќ беше тешка. Но, не е само оваа изгубивме четири натпревари од последните пет. Тоа значи дека клубот треба да процени дали сум добар, за мене ова е многу фрустрирачки. Жал ми е за фановите затоа што не го заслужија ова. Кога ќе загубите четири од пет пати клубот треба да направи проценка и да го пронајде најдоброто решение“.




„Во ваква ситуација фудбалерите остануваат исти, се менуваат тренерите. Ќе повторам, премногу сум искрен да прифатам ваква ситуација. Ќе направиме проценка заедно со сите во клубот. За никого не е добро да продолжиме да губиме, не можам да го прифатам тоа“, изјави Конте.