Фудбалерите на Тотенхем утре од 20.45 часот го пречекуваат Арсенал и тоа ќе биде еден од најважните натпревари во битката за пласман во Лигата на шампиони.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на лондонскиот тим, Антонио Конте кажа дека дуелот против Арсенал е важен во борбата за пласман во елитното натпреварување, но и за големото ривалство на двата тима кои доаѓаат од Лондон.




„Ние имаме неуспешна сезона? Па, Манчестер јунајтед доведе фудбалери како Џејдон Санчо, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан се на седмата позиција. И вие ми зборувате за наш неуспех? Мислам дека ова е успешна сезона, посебно поради односот кој го создадов со фудбалерите и резултатите кои ги остваривме откако пристигнав во клубот“, кажа Конте.