Дома Фудбал Италија Конте: Не сум сигурен дали ќе бидам тренер на Интер наредната сезона

Конте: Не сум сигурен дали ќе бидам тренер на Интер наредната сезона

Антонио Конте вчера не успеа да го одведе Интер до трофејот во Лигата на Европа и изгуби во неговото прво финале во европските купови.

Интер изгуби 3:2 од Севиља, а Конте по натпреварот со неговата изјава можеби најави заминување од клубот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ова навистина беше тежок пораз. Имавме голема шанса, а потоа дојде тој несреќен момент на Лукаку и се стана потешко. Голем дел од нашите млади играчи за првпат играа финале и ова беше големо искуство за нив“.

Потоа зборуваше за себе.

„Без разлика на се, ова беше позитивно искуство. Благодарен сум на оние кои ми дадоа шанса. Некои класични проблеми со управата немам, само различно гледаме на работите во одредени ситуации. Не сум сигрен дали и наредната сезона ќе бидам тренер на Интер, имам семејство и треба да се одлучам што ќе биде мојот приоритет. Директорите ќе го слушнат моето мислење. Марота и Аусилио ме убедија да дојдам во Интер, меѓутоа ова беше тешка година и има работи кои се неприфатливи“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Максимир“ заминува во историјата: Динамо Загреб добива модерен стадион!

Веќе години наназад загрепскиот “Максимир” не е во најдобра состојба. Некои го…