Дома Фудбал Англија Конте: Не размислувам за отказ, имам одличен однос со навивачите

Конте: Не размислувам за отказ, имам одличен однос со навивачите

konte

На конференцијата за медиуми пред натпреварот против ВБА, Италијанецот се однесуваше како позицијата да не му е ни малку загрозена.

Новинарите се обидуваа да го испровоцираат со прашањата во врска со шпекулациите за тоа кој би можел да го наследи во Челси, но Конте не им одговараше на таквите прашање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не размислувам за напуштање на клубот. Јас сум максимално посветен на својата работа. Се занимавам со работа која зависи од резултатите, а ситуацијата во овој момент не е баш најдобро. Токму поради тоа мораме да се собереме и да славиме на наредниот натпревар“.

„Навивачите не можете да ги измамите. Тие гледаат се. Од кога дојдов тука имам навистина одличен однос со нив и на тоа сум горд. Почестен сум што тие ја разбираат мојата посветеност. Заслужуваат да им се одолжиме така што ќе го дададеме максимумот“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…