Стратегот на Тотенхем, Антонио Конте е разочаран по поразот од Манчестер Јунајтед од 2:0.
Манчестер Јунајтед издоминира на „Олд Трафорд“ и сосема заслужено славеше победа, со оглед на шансите триумфот на „црвените ѓаволи“ можеше да биде и поубеделив.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Антонио Конте по овој истакна дека според него Тотенхем во овој момент не е кандидат за титулата.
„Во Тотенхем сум 10 или 11 месеци и не може од деветто место веднаш да сте кандидат за титулата. Посебно не ако сезоната ја завршите со 20 бода помалку од водечките тимови во Англија“.
Тотенхем во овој момент е само на четири бода од лидерот Арсенал, тимот на Конте има 23 бода и се наоѓа на делба на второто место со Манчестер Сити.
„Натпреварот против Манчестер Јунајтед секако не беше добар за нас, но морам да сум искрен кон играчите затоа што ова не е првпат да играме вака. И покрај тоа што на табелата не стоиме лошо, секогаш кога играме против друга екипа од врвот се мачиме. Слично беше и со Челзи и со Арсенал“, изјави Конте.