Дома Фудбал Англија Конте нетрпелив, уште во петок сака да ја освои титулата

Конте нетрпелив, уште во петок сака да ја освои титулата

Челзи во рамките на 36-то коло од Премиер лигата оствари сигурна победа од 3:0 над Мидлсборо, и сега има големи седум бода предност во однос на второпласираниот Тотенхем.

Менаџерот на „сините“, Антонио Конте е нетрпелив и сака што е можно побрзо да дојде до крајот и да го подигне шампионскиот трофеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Моите играчи на овој натпревар покажаа дека се најдобри и поради тоа треба да ја освојат титулата во Англија. Пред нас е уште еден важен чекор кон освојувањето на титулата, а тоа е натпреварот против ВБА. Знам дека тие ќе сакаат да играат добро против нас. Сепак, ние знаеме дека треба добро да се подготвиме за тој натпревар , со цел да ја постигнеме посакуваната победа и практично уште од петок да ја освоиме титулата“, изјави Конте.

Во петок, со почеток во 21:00 часот, ВБА на домашен терен ќе го пречека многу веројатно новиот шампион на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …