Дома Фудбал Англија Конте незадоволен: Не е нормално такви четири играчи да изгубите во еден преоден рок

Конте незадоволен: Не е нормално такви четири играчи да изгубите во еден преоден рок

Meнаџерот на Тотенхем, Антонио Конте јавно го искажа своето незадоволство од одработеното во зимскиот преоден рок на неговиот клуб.

Тотенхем го напуштија четири фудбалери од кои на тројца беа потрошени над 100 милиони фунти, пристигнаа само двајца, Родриго Бентакур и Дејан Кулушевски. Бентакур дојде заљ 18 милиони евра, а Кулушевски на позајмица за 10 милиони евра со опција за откуп од 35 милиони евра на лето.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Конте е незадоволен што остана без: Ндомбеле, Ло Селсло, Брајан Хил и Деле Али. Малку е чудна ваквата изјава на Конте затоа што оваа четворка не играше премногу во првиот дел од сезоната.

„Таа четврока скапо ја плативме и беа наши важни играчи и сите ги изгубивме во ист преоден рок, тоа не е нормално. Се договоривме со играчите и клубот, но кога ова се случи значи дека нешто било погрешно направено во минатото. Затоа мораме да внимавме во иднина кога ќе излеземе на трансфер пазарот“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …