Aнтонио Конте изгледа ги обожава играчите на Челзи.
Нова мета на Конте е шпанскиот лев бек Маркус Алонсо. Ќе потсетиме Конте во зимскиот преоден рок го доведе Виктор Мозес, беше и блиску до доведување на Жиру.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова лето Италијанецот бараше да му се доведе левиот бек Емерсон Палмери кој токму тој го доведе на „Стенфорд Бриџ“ од Рома, а најголема желба му е Канте. Сепак, двајцата споменати се скапи за Интер во оваа ситуација. Повеќе реална мета можеби е Маркус Алонсо.
Шпанецот играше одлично под водство на Конте во Челз имаа одлична соработка. Потоа кај Сари имаше нешто послаб учинок за минатата сезона кај Лампард да го изгуби статусот на стартер и ја делеше минутажата со Емерсон. Сезонава таа позиција во Челзи би требало да биде резервирана за Бен Чилвел. Доаѓањето на Чилвел значи и дека еден од Емерсон и Алонсо сигурно ќе замине, Конте сега ќе се обиде со Алонсо затоа што е поевтин.