Во Англиските медиуми започна да се шпекулира за иднината на италијанскиот стратег Антонио Конте на клупата на Тотенхем, а сега Конте зборуваше на ов аа тема.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конте имаше несогласувања со првиот човек на клубот Даниел Леви околу трансфер пазарот, меѓутоа како што изгледа сега работите се смириле и Конте е поблиску да остане во клубот.




„100% сум посветен на Тотенхем, можеби и повеќе. Верувам и работам за овој клуб да биде успешен. Јас сум страсна личнсот, мислам дека тоа го покажав од кога сум тука“, изјави Конте.




Тотенхем во овој момент на табелата е во битка за место во Лигата на шампионите. На две кола пред крајот Арсенал има бод повеќе од „петлите“. Евентуален пласман во Лигата на шампионите за Тотенхем веројатно ќе значи и поголема финансиска поддршка од првиот човек на клубот Даниел Леви во летниот преоден рок.