Дома Фудбал Италија Конте заминува, двајца кандидати за негов наследник

Конте заминува, двајца кандидати за негов наследник

Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте донел одлука да го напушти Интер и се очекува само официјализација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело Спорт“ пренесува дека 51 годишниот стратег и официјално ќе го напушти Интер во наредните 48 часа.

Интер има големи финансиски проблеми и бара од фудбалерите да прифатат намалување на платите, притоа ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди.

Тоа не му се допаѓа на Конте кој го известил раководството дека заминува, па се очекува двете страни спогодбено да го раскинат договорот.

„Скај Италија“ пренесува дека Интер веќе ја започнал потрагата по негов наследник и има две опции.

Првата е Масимилиано Алегри, но тоа ќе биде многу тешка мисија за „нероаѕурите“ бидејќи трофејниот стратег има понуди од Реал Мадрид и Јувентус.

Како алтернатива се споменува Маурицио Сари, кој е слободен во моментов и неговата плата е значително помала во однос на Конте и Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Турците по срамота на СП донесуваат неочекувана одлука: Тоа ни е единствена опција!

Репрезентацијата на Турција беше елиминирана од Светското првенство по неочекуваните пораз…