Тренерот на Интер, Антонио Конте остана многу задоволен од својот тим после победата на гостувањето кај Славија Прага во Лигата на шампиони.
После оваа победа „нероаѕурите“ се искачија на второто место во групата, со ист број бодови како Борусија Дортмунд, па сега пласманот во следната фаза ќе зависи исклучиво од нив.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фудбалерите напредуваа заедно и споредено со нашиот прв меч со Славија Прага, повеќе личиме на тим. Бев лут по тие 1-1 на домашен терен, но овој пат знаевме што да очекуваме и бевме добро подготвени. Напаѓачите беа одлучувачки денеска, многу сум среќен со нив“, истакна Конте.
Интер во последното коло од ЛШ ќе ја пречека Барселона на домашен терен.
„Прво треба да се фокусираме на мечевите со СПАЛ и Рома, а потоа со Барселона. Денеска требаше да победиме за да останеме во живот, го направивме тоа. Задоволни сме, сакавме да останеме во живот и сами да си ја кроиме судбината во последниот меч“, заклучи италијанскиот стратег.