Дома Фудбал Италија Конте заборави на расправиите и му посака добредојде на Мурињо

Конте заборави на расправиите и му посака добредојде на Мурињо

Конте и Мурињо имаа сериозни расправии во време кога двајвата седнеа на клупите на Челзи и Манчестер Јунајтед.

Двајцата водеа голема битка во Премиер лигата, но имаа жестоки расправии на кои паѓаа и тешки зборови како „кловн“, „мал човек“ или „боледува од амнезија“.

И покрај тоа, актуелниот тренер на Интер, Антонио Конте му посака добредојде на Мурињо во Серија А, откако Португалецот потпиша за Рома.

„Тоа е одлична вест за сите во Италија. Му посакувам се најдобро на Жозе, освен кога ќе игра против Интер. Дали ќе се поздравиме кога ќе се сретнеме? Со сигурност, има голема почит помеѓу нас“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мајкл Керик под притисок: Дали се ближи отказ?

Мајкл Керик е под сериозен притисок поради лошиот старт на сезоната на Манчестер Јунајтед,…