Антонио Конте беше премногу разочаран по поразот на неговата екипа од Барнли, тој пораз дојде само неколку дена откако клубот од северен Лондон оствари победа над актуелниот лидер и шампион Манчестер Сити.
Конте отворено го искажа незадоволството и во изјавата дури ја отвори вратата за негово заминување. Сепак, тој денес потврди дека останува тренер на Тотенхем, Италијанецот имал разговор со првиот човек на клубот Даниел Леви.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Разговарав со Леви, не ми се допаѓа тоа што некои сакаат да направат проблем меѓу нас. Нашиот претседател добро знае дека сум тука да помогнам на клубот и тоа ќе го правам до крај. Секој ден ми покажува почит и затоа сум максимално посветен на клубот“.
„Кога јас ќе изгубам натпревар не сакам да одам на вечер. Перфекционист сум и можеби проблемот е во тоа. Кога губам не можам да глумам дека се е во ред, потребен ми е успех за добро да се чувствувам. Во поразите сакам да бидам сам и потребен ми е еден ден да се вратам на себе, едноставно сум таков, не сакам да губам. Жал ми е што ви покажав колку сум разочаран, но само бев искрен“, изјави Конте пред натпреварот на Тотенхем за викендот.
Овој викенд „петлите“ ќе се сретнат против Лидс Јунајтед.