Тренерот на Интер Антонио Конте зборуваше за медиумите пред неделното дерби помеѓу Јувентус и неговиот нов клуб.
На Конте нема да му биде лесно затоа што е поранешен играч и тренер на Јувентус, но дел од навивачите го сметаат за предавник затоа што се одлучи да седне на клупата на нивниот голем ривал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова ќе биде натпревар на два тима кои во овој момент се на врвот на табелата во Серија А. Овие тимови беа подобри од останатите до сега, но сега е само седмо коло. Вистинската вредност на клубот може да дојде со време. Затоа секогаш кажувам, мораме напорно да работиме и да одиме кон нашите цели, па ќе видиме колку сме направиле“.
Ова е прв пат Конте да се соочи со клубот кој го напушти во 2014 година. Исто така Конте беше запрашан за петицијата која ја отворија навивачите на Јувентус за отстранување на неговата ѕвездичка од стадионот на Јувентус.
„Разочаран сум што се прави такво нешто и што јавноста прифаќа злобен предлог. Даден е простор на необразовани луѓе кои немаат вредност. Не сакам да зборувам за тоа, а и вие медиумите давата внимание на луѓе кои не направиле ништо“:
„Тоа не се навивачи, тие се необразовани. Ова е спорт не е војна. Понекогаш луѓето тоа го забораваат“, изјави Конте.