Дома Трансфер зона Конте денес добива отказ, познато името на неговиот наследник

Конте денес добива отказ, познато името на неговиот наследник

Медиумите на Островот тврдат дека Антонио Конте денес ќе доби отказ од Челзи, а веќе се знае и кој ќе биде неговиот наследник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, екс тренерот на Барселона, Луис Енрике е главен фаворит да го замени Конте и најголема желба на сопственикот Абрамович.

На Конте од поодамна му се тресеше клупата, но после синоќешниот пораз од Ватфорд, медиумите на Островот тврдат дека само прашање на часови е кога ќе добие отказ.

Некои од водечките обложувалници на Островот повеќе не примаат облози дека Италијанецот ќе добие отказ.

Второто тренерско име кое се споменува како наследник на Конте е неговиот сонародник Карло Анчелоти, кој исто така е без работа во моментов.

И додека се пчекува отазот на Конте, денес англискуте медиуми излегоа со многу инересна статистика која вели дека Италијанецот заедно со Гвардиола се тренери со најголем процент на победи во Премиер лигата, 70,03%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…