Дома Фудбал Италија Конте го прашаа за најавите дека ќе го преземе Наполи – не демантираше!

Конте го прашаа за најавите дека ќе го преземе Наполи – не демантираше!

Meдиумите во Италија денес најавуваа дека првиот човек на Наполи во Антонио Конте гледа можен наследник на Руди Гарсија кој е пред отказ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Гарсија не му оди со Наполи и бележи лоши резултати од почетокот на сезоната, па затоа неговата иднина е под голем знак прашалник.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Де Лаурентис закажал состанок со Антонио Конте на кој ќе се обиде да го убеди да стане нов тренер на Наполи.

Ваквите гласини стигнаа и Конте кој не демантираше во целост и остави простор нешто да се случи.

„Кога престанав со Тотенхем, направив јасен избор да уживам со семејството, но добро знаете дека се може да се случи“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо сам се пофали: Пред Кристијано оваа репрезентација ништо немаше освоено

Кристијано Роналдо изјави по поразот од Шпанија дека пред неговото доаѓање, Португалија не…