Антонио Конте денес и официјално седна на клупата на Тотенхем и го сака дефанзивецот од градскиот ривал Челзи.
Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Во исто време, Данецот сака да остане во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој веќе во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.
Конте одлично го познава дефанзивецот и сака да ја искористи можноста да го донесе во Тотенхем без обештетување.
Кристенсен потекнува од школата на Челзи и е во првиот тим од 2014 година, па ваков трансфер сигурно навивачите нема да му простат.